Со вчерашните мечеви од 16. коло беше отворен пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига, а првото пролетно коло направи минимални промени на табелата, но некои екипи се зацврстија на своите позиции. Охрид го доби дербито со Беласица со 0:1 и на тој начин сега е на врвот со 39 бодови, а пак Шкендија Арачиново која славеше над Преспа со 4:1 е втора на табелата со 38 бодови. Овие две екипи се одвоија во однос на конкурентите. ...
Првото пролетно коло не направи големи промени на табелата во Втора лига, но овозможи на некои екипи да стекнат дополнителна бодовна предност во трката како за Прва лига, така и за опстанок. Охрид и Шкендија Арачиново сега имаат солидна предност која ја стекнаа во 16. коло, а најмногу на „киксот“ на Брегалница во Гевгелија. Охриѓани се први со 39 бодови, а тимот од Арачиново е втор со 38 бодови, додека пак Брегалница останува на третото место ...

