Борбата за титулата во Првата македонска фудбалска лига се вжештува, откако Шкендија како гостин го совлада лидерот Вардар со 0-1 и сега има заостанување од само еден бод. Мечот од кој се очекуваше многу, не понуди фудбалска убавина, а тетовци се покажаа како поискусни во играњето значајни натпревари и од Скопје си заминуваат со големи три бода. Единствениот гол беше дело на Лиридон Љатифи во 66-тата минута, откако доби одлична асистенција од ...

Шкендија го доби дербито против Вардар на гостински терен со минимални 0-1 и сега има заостанување од само еден бод позади лидерот на табелата. Борбата за титулата се вжештува, а тренерот на тетовци вели дека победата не е никакво изненадување, бидејќи целта била токму тоа. „Нa овој натпревар гледавме како на дуел што треба да го добиеме. Дојдовме да победиме и успеавме во тоа. Не сум изненаден од победата, затоа што искрено ја очекувавме, ...