Комесарот за транспорт на Европската унија, Апостолос Цицикостас, изјави дека нема знаци за недостиг на гориво за авиони во Европа во наредните месеци, и покрај прекинот на испораките на нафта преку Ормутскиот теснец поради блокадата на Иран, но дека високите цени ги охрабруваат авиокомпаниите да ги намалат неекономичните рути. „Во моментов нема недостиг на гориво за авиони во Европа. Немаме знаци дека ќе имаме недостиг во блиска иднина“, ...
„Бритиш ервејс“ очекува зголемување на цените на сите свои летови, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток продолжува да ги зголемува трошоците за гориво, стратегија поткрепена од отпорната побарувачка за патувања. „Бренд како БЕ, кој има многу долги релации, многу корпоративни, многу премиум летови, очекуваме можеби да има поголемо пренесување на цените отколку можеби превозник кој се натпреварува исклучиво за кратки релации за одмор“, изјави ...
Се намалува присуството на американските воени авиони во Бугарија, откако четири танкер-авиони на американските воздухопловни сили го напуштија аеродромот „Васил Левски“ во Софија. Американските авиони летаа од Бугарија според договор што дозволува до 15 американски воени авиони да бидат стационирани на аеродромот „Васил Левски“. Контингентот се состоел првенствено од танкер-авиони и транспортни авиони, а не од борбени авиони. Според ...

