Кога ја видов сликата како некој поп ги прскаше со света водичка новите полициски автомобили, ми текна дека во првите посткомунистички денови стана многу модерно да си верник. Па на 13 јануари 1996 сум пишал: „Не знам како функционираат врските на господ со МВР. Можеби тој ќе им каже кој го извршил атентатот“. Ова е напишано три месеци по атентатот врз првиот претседател Киро Глигоров. Па темата на атентатот се најде и во празничната ...
Е па, драги мои, еве поминуваат 35 години откако ја напишав првата колумна „Сакам да кажам“ што излезе во весникот „Вечер“ на 12 јануари 1991. Досега се напишани и објавени 1.825 колумни на отприлика 4.565 страници во А4 формат на новинарски проред, како што стручно се изразувавме ние, постарите од интернетот, пораснати во печатените медиуми. На секои пет години, си ги одбележувам овие мали јубилеи со потсетување што сум пишувал во текот на ...

