. Во времето на царот Алексеј Комнен и патријархот Никола Граматик, во 1087 година телото на овој светител беше пренесено од Мира Ликиска во градот Бари во Италија. Тоа се случи заради нападите на муслиманите на Ликија. Светителот му се јави во сон на некој чесен свештеник во Бари и му заповеда неговите мошти да се пренесат во тој град. Во она време градот Бари беше православен и под православен патријарх. При преносот на моштите на ...

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу ...

Роден како Евреин, но кога ја виде силата на Христовата вера, се крсти заедно со сестра му, Калитропија. Во неговата дваесет и шеста година се замонаши во манастирот на Свети Иларион. Подоцна основа засебен манастир, од каде што се прочу по сета Палестина и по сиот Египет заради своето подвижништво, духовна мудрост и чудотворство. Бегајќи од човечка слава се оддалечи во Египет. На патот се сретна со великиот Пафнутиј, којшто му прорече дека ...