Дербито на 15. коло во Третата македонска фудбалска лига – Исток ќе се одигра во Свети Николе каде силите ќе ги одмерат Овче Поле и единствениот непоразен тим Победа од Валандово. Ова е соочување на две екипи кои претендираат за првото место, кое место води кон второлигашкиот бараж. Влогот од овој меч е голем, а со тоа и притисокот кај двете екипи е голем. Овче Поле со 31 бод е лидер на табелатата, а пак непоразената Победа е втора со 29 ...
Дербито на 15. коло во Трета лига – Исток се одигра во Свети Николе каде се соочија Овче Поле и Победа Валандово – дуел на две екипи кои водат борба за влез во Втора лига, а од нивното соочување како победник излезе Свети Николе, а мечот го реши Роберто Андонов за триумф од минимални 1:0. Струмичко дерби се играше на стадионот „Кукуш“ меѓу Хоризонт Турново и Тиверија, кое заврши со 1:0 за поранешниот прволигаш со голот на искусниот Дејан ...
ФК Овче Поле запиша голема и заслужена победа во дербито против ФК Победа Валандово, славејќи со 1:0 на домашен терен пред одлична атмосфера и полни трибини во Свети Николе. Натпреварот беше неизвесен, тежок и борбен од првата до последната минута, но домаќините покажаа повеќе желба, карактер и решителност кога беше најпотребно. Херој на натпреварот беше Роберто Андонов, кој го постигна единствениот погодок и му донесе три исклучително важни ...

