Македонскиот шампион Шкендија ќе го одработи главниот дел од зимските подготовки во Анталија, Турција. Тетовци веќе тренираат дома, а пред заминувањето во турскиот центар ќе одиграат пријателски натпревар против Брера Струмица на 15 јануари (четврток). Два дена подоцна тимот патува кон Анталија, а таму се веќе договодени четири интернационални теста. Шкендија ќе се судри со ривали од Украина, Словачка, Босна и Херцеговина и Казахстан. ...

Фудбалскиот клуб Шкендија го утврди планот за пријателските натпревари во рамки на подготовките за вториот дел од сезоната. „Црвено-црните“ ќе одиграат вкупно пет контролни средби – една на домашен терен и четири за време на подготвителниот камп во Анталија, Турција. Првиот тест за тетовскиот состав е закажан за 15 јануари, кога Шкендија на домашен терен ќе се соочи со АП Брера Струмица. Два дена подоцна, на 17 јануари, екипата ќе отпатува во ...