Во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ и по повод 35 години од своето основање, „Матица македонска“ објави второ издание на антологијата „Македонска љубовна лирика“ приредена од Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски – книгата во која најубавите македонски љубовни стихови се собрани на едно место. На близу 500 страници, со 342 песни од македонски поети од сите генерации, во петте циклуси на книгата, од копнеж до ерос е и ...

Славејќи го јубилејот 35 години од основањето, „Матица македонска“ продолжува да ја чествува македонската книжевност. Меѓу другото, „Матица“ веќе почна јубилејна едиција со прозни и поетски книги што се стожерни за современата македонска книжевност, а се од автори што со своите книжевни дела имаат остварено трага по траекторијата на развојниот пат на првата издавачка куќа во самостојна Македонија. Првата книга што „Матица македонска“ ја ...