Под товарот на историјата, во 2017 година владите на Македонија и Бугарија потпишаа Договор за пријателство, добрососедство и соработка. Договорот го потпишаа премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов на 1 август, а следниот ден, на Илинден, овие двајца, заедно со нивните владини кабинети се поклонија пред гробот на Гоце Делчев во Скопје. Тука беа и Красимир Каракачанов и Ектерина Захариева, но и Бујар Османи и Никола Димитров. Посетата беше со ...

Првите две недели од јули 2022 година, скопските улици секојдневно беа блокирани од илјадници луѓе. Протестите во организација на про-руската Левица и тогашната опозициска ВМРО-ДПМНЕ кулминираат токму на денот кога во Собранието пред пратениците и државниот врв се обраќа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Европа ве чека“, ќе порача таа од говорницата, но тоа едвај ќе се слушне од вревата на опозициските пратеници ...