По повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, додели признанија на најуспешните основци и средношколци од градот, кои постигнале врвни резултати на државни и регионални натпревари. Според информациите од Општина Охрид, признанија добиле околу 380 ученици од сите основни и средни училишта во општината, за освоени први, втори и трети места по различни наставни предмети. — ...
Охрид, 24. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – Како дел од свечената програма за чествување на 24 мај, Денот на сесловенските просветители, претпладнево пред споменикот на Кирил и Методиј на Охридскиот кеј се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на охридските ученици, кои оствариле високи резултати на државни и регионални натпревари. Пред бројните ученици, родители, наставници и делегации, свое обраќање имаше градоначалникот на Охрид, д-р ...

