Изложбениот простор на Музејот на современа уметност деновиве беше исполнет со модни ревии и претставувања кои често реферерирураат на сликарски техники и артистички перформанси. Во рамките на 33-та сезона на Моден викенд Скопје/ Fashion Weekend Skopje, се поврзуваа модата, уметноста и одговорноста кон иднината, приказите на искусните модни дизајнери и на новите таленти, активизмот преку модна аукција, разговори и изложби кои повикуваат на ...

Со три модни ревии и изложбена програма што ги поврза модата и современата уметност, вчера во Музејот на современата уметност во Скопје започна 33. сезона на Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje). На новата локација, во галерискиот простор на МСУ, вечерта ја отвори модната ревија на Dobredojde Macedonia Welcome Centre, со поддршка од Амбасадата на Република Словенија. Потоа следуваше ревијата на Никола Ефтимов, кој повторно се врати ...