Автопатот што треба да ги поврзе Кичево и Охрид не е најдолгата патна делница во земјава, а уште помалку во регионот, но веќе сега го има епитетот на една од најдолгите инфраструктурни авантури. Досега овој проект има „поминато“ најмалку пет владини состави, почнувајќи од оној во 2013 година под палката на тогашниот премиер Никола Груевски, потоа неговиот наследник Емил Димитриев, потоа, во 2017 година Владата предводена до Зоран Заев, а по ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево, изјави: „Па ние пред некој ден имавме со новинарите, посета на градежните активности коишто се случуваат на автопатот, најпрвин Гостивар-Букојчани, а потоа Кичево-Охрид. Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата ...

