Ден пред Задушница кога се посетуваат вечните почивалишта на починатите, охридските градски гробишта се речиси без вода. Граѓаните кои беа во посета на гробиштата со цел да се зачистат и уредат за утрешната Задушница крајно револтирани поради недостигот на вода во главната водоводна линија на градските гробишта. На средината од православните и муслиманските гробишта е поставена мини цистерна, но во неа нема чиста вода туку пенлив раствор. ...
Православните христијани во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот ден Духовден. Празникот Задушница се одбележува во чест на душите на мртвите.На Задушница се сеќаваме на блиските лица кои се починати, ги посетуваме нивните гробови и палиме свеќи за покој на душата. Тоа е ден посветен на молитивите за покојните роднини и пријатели. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се ...

