„Одамна завршив јас и ВЛЕН“, изјави министерот Фатмир Лимани, ставајќи до знаење дека повеќе не е дел од ВЛЕН, но дека и понатаму ја извршува министерската функција на која беше именуван токму од оваа коалиција, пишува ТВ21. Во исто време, и заменик-претседателот на Владата Арбен Фетаи, кој со месеци не се појавува на работа, продолжува да ја извршува функцијата на која беше назначен. И двајцата функционери се именувани од ВЛЕН, но се ...

Дури и по спојувањето на пет политички субјекти во една партија ВЛЕН, остануваат затегнати односите со двајцата функционери – Арбен Фетаи и Фатмир Лимани. Министерот за добро владеење Арбен Фетаи, како што се наведува, продолжува со патувања во странство, додека Лимани, според политичките оценки, не ги следи насоките на ВЛЕН. Заменик-премиерот Беким Сали изјави дека реконструкцијата на извршната власт се очекува во средината на јуни, и тоа во ...

Од ВЛЕН реагираа во врска со кратката изјава на премиерот Христијан Мицкоски, поврзана со прашањето за министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани. Од партијата велат дека Лимани сам се исклучил од партијата и дека неговиот понатамошен политички пат е негова лична работа. „Нашиот став како ВЛЕН за прашањето со Фатмир Лимани беше конзистентен во текот на целиот период. Тој сам се исклучи и како резултат на тоа повеќе ...

Прашање: Дали ќе продолжи соработката со министерот Лимани и покрај влошените односи со ВЛЕН. Мицкоски: Па, гледате дека министерот Лимани е со мене! Кус одговор, а потоа насмевки и на лицето на премиерот, но и на лицето на министерот. Ова е начинот на кој Мицкоски одговори на прашањето од новинарите дали Фатмир Лимани и натаму ќе биде министер во Владата, откако стана јасно дека тој повеќе не е дел од БЕСА и ВЛЕН, на чиј предлог беше ...