Овој викенд се играат натпреварите од 11. коло на Втората футсал лига, колото се отвара со три натпревари кои ќе се одиграат утре. Лидерот Железарец ќе има лесна задача за освојување на бодовите против „фенерџијата“ Карадаку, Кратово на домашен терен ќе го пречека ланскиот прволигаш Црна Река, гостинот ќе сака освојување на трите бодови на тешкото гостување и да продолжи да го трасира патот кон враќање во Првата футсал лига. Утре во Битола се ...
Кратово вечерва забележаа неверојатна победа во последните минути над ланскиот прволигаш Црна Река од Кавадарци, славејќи со 2:1 преку пресврт во меч од 11. коло на Втората футсал лига. Гостинот дојде до предност од 0:1 во 19. минута кога погоди Дарко Темелков за минимално водство на полувреме. Во вториот дел борбата продолжи, а двете екипи имаа шанси за погодоци, но без реализација. Кога сите мислеа дека бодовите ќе заминат во Кавадарци, а ...

