Кошаркарите на Дубаи се пласираа во финалето на АБА лигата, откако беа подобри од Будуќност во „мајсторката“ на полуфиналната серија, со конечен резултат 103-77. Тимот од Обединетите Арапски Емирати прикажа феноменална игра во текот на целиот меч, најавувајќи го триумфот уште по првите две четвртини (54-39). Немаа Црногорците одговор ниту во второто полувреме, а Дубаи уште повеќе ја зголеми предноста и ја стартуваше последната четвртина со ...

Дубаи и Партизан ќе ги одмерат силите во големото финале на АБА-лигата, а белградските „црно-бели“ направија потег за респект, прифаќќајќи гостинските натпревари да ги играат во далечната дестинација. АБА се соочи со драма во полуфиналетo откако Будуќност одби да патува во Дубаи, наведувајќи го стравот поради безбедност од воениот конфликт во Иран за причина. Дубаи тие средби како домаќин ги играше во БиХ и успеа да се пласира во големото ...