Тренерот на Барселона, Ханс-Дитер Флик, изјави дека голманот Марк-Андре Тер Штеген би можел да игра вечерва против Ајнтрахт Франкфурт во натпреварот од Лигата на шампионите. Сепак, германскиот стручњак додаде и појасни дека го смета Жоан Гарсија за главен голман на Каталонците. „Да, Марк би можел да биде во составот. Но, за мене, Жоан е нашиот голман број еден“, порача Флик. Тер Штеген не бранел на официјален меч уште од мај, имаше ...

После долго време, Барселона може да смета на својот голман Марк-Андре Тер Штеген. Ова го потврдија и од Барселона, но и тренерот Ханс Флик. Тер Штеген последен пат бранеше за Барселона против Виљареал во мај оваа година, што значи дека после шест и пол месеци се враќа меѓу диреците на каталонскиот клуб. Во меѓувреме, Германецот беше на излезна врата со оглед дека каталонскиот тим го ангажираше Жоан Гарсија од Еспањол, и моментално тој е прв ...