Максимална мобилизација во Штип од страна верната „фаланга“ и штипјани со цел да се наполни Градскиот стадион за дербито меѓу Брегалница и Охрид. Влезот е слободен што е уште една причина за да има полни трибини, а со тоа „сините“ да добијат максимална поддршка во клучни меч кој многу работи може да реши. Стадионот се подготвува, рефлекторите во 18 часот ќе светнат, а Брегалница подготовена оди по својата 15-та сезонска победа. Традицијата, ...
Вечерва од 18 часот, на Градскиот стадион во Штип, фудбалската сцена ќе понуди дерби со огромен влог – пресметка меѓу Брегалница и Охрид која може директно да влијае на врвот во Втората лига. Традицијата е на страната на штипјани, кои доминираат во меѓусебните дуели, додека Охрид веќе 17 години чека на триумф против овој ривал. Сепак, формата и квалитетот на двете екипи оваа сезона се речиси израмнети, што најавува неизвесен натпревар до ...

