Постои подготвеност кај земјите членки на ЕУ кои се во опкружувањето на Западен Балкан да покажат флексибилност кон земјите од регионот за примената на Европскиот систем за влез и излез (ЕЕС). Ова го изјави за „Локално“ министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, кој рече дека имаат разговори на највисоко ниво во летниот период да се паузира примената на ЕЕС. -Но тоа што може да го споделам е дека имаме разговори на највисоко ...

Владата веќе води разговори со држави од Европската Унија (ЕУ) за надминување на проблемот со гужвите на границите поради новиот ЕЕС систем, потврдија денеска и премиерот и министерот за надворешни работи. Шпекулациите од викендов дека Грција го олеснила пристапот за Србите, но не и за Македонците, Муцунски ги нарече „естраден пристап“. Потсети дека низ македонската граница поминуваат голем број државјани на други земји и не е можно едните да ...

„Ние како земји од регионот комуницираме и заедно со Европската Унија работиме околу овој сериозен предизвик. Забележав и обид темава да се претвори во естрада во соседна Србија, односно естраден пристап, бидејќи се случуваат големи гужви на граничните премини, особено на копнените“, изјави Муцунски. Муцунски потврди дека се водат дискусии со повеќе земји и во рамки на различни шеми на Европската Унија кои ги опфаќаат земјите од Западен ...