Третолигашите продолжуваат со пролетната борба да стигнат до шампионскиот пехар кој има вредност на бараж кој води кон Втора лига. Во четири третолигашки регион таа борба е сведена на две екипи, само во Трета лига – Југозапад трката ја водат четири екипи. Токму во овој регион Влазними од Струга е на врвот со 25 бодови, Славеј е втор со 23 бодови, а пак Могила и Караорман го делат третото место со по 22 бодови. Меѓу овие четири екипи ќе бидат ...
Екипата на Еуромилк ГЛ ја зголеми бодовната предност на табелата во Трета лига – Север, сега популарните „лисици“ имаат 55 бодови, седум повеќе од БВК Коњаре, кој по ремито со Аеродром останува без шанси да изненади. Некогашниот прволигаш од Горно Лисиче ита кон второлигашки бараж и по една деценија тимот да се врати во Втора лига, доколку го помине баражот. Последен пат Еуромилк ГЛ во второлигашка конкуренција се натпреваруваше во сезона ...

