Првата македонска фудаблска лига полека влегува во самата завршница, но и претпоследната натпреварувачка рунда ќе донесе неизвесност после резултатите кои беа остварени ова попладне. Вардар бркаше заверка на титулата ова попадне на домашен терен, па иако си ја одработи својата задача против Силекс, сепак не дочека посакуван резултат од Тетово. Тимот на Гоце Седлоски го победи Силекс со 2:1 и направи огромен чекор кон титулата, па во пресрет ...

Шкендија ја прекина серијата од два меча без триумф во домашното првенство со победа од 3-1 против Струга Трим Лум. Дуелот започна со висок интензитет, а првото поголемо возбудување се случи во 24. минута. Бојан Илиевски невнимателно реагираше и го собори Ендрит Красниќи во шеснаесетникот, по што судијата покажа на белата точка. Красниќи ја презеде одговорноста и сигурно реализираше за 1-0. Радоста на Шкендија не траеше долго. Струга Трим Лум ...