Денеска, понеделник (24 август), истекува рокот за поднесување на образецот за пријавување материјална штета предизвикана од силното невреме што го зафати подрачјето на општина Карпош на 21 јули 2026 година. Од локалната самоуправа информираат дека граѓаните кои го поднеле образецот во предвидениот рок, вклучително и денеска, но треба да достават дополнителна документација или податоци, тоа ќе можат да го направат и по истекот на рокот. ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни штети врз земјоделските површини во атарите на Мажучиште, Големо Коњари и Мало Коњари. Најпогодени се тутуновите насади, и тоа во периодот кога е во тек бербата, но штети има и кај други земјоделски култури. „Утре, на ...