Германските истражители пронајдоа трет дрон и сомнителна експлозивна супстанца поврзана со обид за напад на аеродромот Лајпциг/Хале овој месец, објавија радиодифузерите NDR и WDR и весникот „Зидојче Цајтунг“. Дронот е пронајден на 14 август, 10 дена по инцидентот, западно од аеродромот, објави Ројтерс. На истото место, истражителите пронајдоа околу 50 грама супстанца за која се сомневаат дека е воен експлозив хексоген, објавија медиумите. ...
Минаа речиси три недели откако на аеродромот во Лајпциг беше пронајден дрон со експлозив. Според истрагата, дронот требало да нападне украински товарен авион од типот „Антонов“ што се користи за транспорт на воена опрема. Нападот не успеа бидејќи детонаторот очигледно бил дефектен. Службениците за државна безбедност од германската сојузна полиција по налог на генералниот јавен обвинител Јенс Ромел, сега ги истражуваат околностите на нападот, ...

