Излезноста на денешните повторени избори за градоначалник во Гостивар до сега е ниска. Според последните податоци од Државната изборна комисија до 13 часот правото на глас го оствариле скоро 7.043 граѓани, што е 8,73% од вкупниот број гласачи. Споредено со излезноста на октомвриските избори има намалување за околу 2%. Како што информираа од ДИК, гласањето се одвива непречено, освен во избирачкото место во Ќафа кое не е отворено, односно ...

Во споредба со гласањето на 19 октомври 2025 година, до 15:00 часот се забележуваат разлики во излезноста по општини. Во Врапчиште излезноста е зголемена за 6,47 отсто, додека во Гостивар е намалена за 3,01 отсто. Намалување е евидентирано и во Центар Жупа за 6,13 отсто, како и во Маврово и Ростуше за 1,54 отсто До 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник кои денеска се одржуваат во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и ...

Излезноста на повторените локални избори за градоначалник во Општина Гостивар до 17 часот изнесува 25,23 отсто, покажуваат официјалните податоци на ДИК. Своето право на глас до овој термин го искористиле 20.887 избирачи. Додека вкупната излезност на повторените локални избори за градоначалник во четирите општини, до 17 часот, изнесува 25,55 отсто. Во Врапчиште излезноста до 17 часот изнесува 30,01 отсто, Маврово и Ростуше до 17 часот гласале ...