Светиот пророк Захарија Единаесеттиот од помалите Пророци. Заедно со Пророкот Агеј го поттикнуваше кнезот Зоровавел да го обноват ерусалимскиот храм. Го прорече свеченото влегување на Исус Христос во Ерусалим на младенче од ослица; и предавството на Јуда за триесет сребреници; и бегањето на апостолите од Христа во времето на Неговото страдање – ќе удрат по пастирот и овците ќе се разбегаат (13, 7). Пророкот Захариј се нарекува и Срповидец, ...
Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ...

