Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, проследено со локални врнежи од дожд и појава на грмежи. На одредени места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури се движат меѓу 7 и 12, а дневните температури ќе бидат во интервал од 18 до 23 степени. Во Скопје слично време: променливо облачно, со пороен дожд и грмежи. Можно е попладне да се појави сонце. Максималната ...

Денеска и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер од над 60 километри на час и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат оттаму, во Скопје денеска и утре претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе биде нестабилно ...