Охрид, 28. април 2026 (ОХРИДПРЕС) – На денешен ден, заедно со уште седум други бранители, кај Вејце, Тетово, загина водникот Игор Костески, припадник на специјалната единица на АРМ „Волци“. 28-ми април 2001 година е најцрниот ден во поновата македонска историја. Ден кога кај Вејце од страна на припадници на терористичката ОНА, на подмолен начин, во заседа беа убиени, а потоа масакрирани, а некои и живи запалени, 8 бранители, и тоа 4 ...

И по 25 години од убиството на осумте македонски бранители кај Вејце од страна на терористичката УЧК за време на воениот конфликт во 2001 година се уште нема достоинствен споменик за нив. И вчера, како и претходните години, на местото каде што беа убиени, почит им се даваше пред импровизирана спомен-плоча со нивните имиња. На 28. април 2001 година во заседа ѕверски беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ...