Кошаркарите на Куманово дојдоа до првата победа во 2026 година, откако убедливо славеа како гостин кај Ангели (70-99) во натпревар од 15. коло на Суперлигата на Македонија. Со овој триумф кумановци загреани го дочекуваат завршниот турнир во Купот на кој се домаќини. Комплетниот натпревар меѓу Ангели и Куманово: На средбата во Скопје гостинската екипа се наметна од самиот почеток. Куменовци заиграа одлично и бргу стекнаа двоцифрена предност ...
Кошаркарите на Пелистер од Битола во голем стил ја почнаа новата 2026 година, имаат четири победи на четири меча во Супер-лигата, па „зелено-белите“ полни со самодоверба влегуваат во новиот предизвик – завршниот турнир од Купот на Македонија што од петок до недела ќе се одржи во Куманово. Вообичаено, на овој завршен турнир учествуваат осум екипи, а наш прв противник ќе биде токму домаќинот Куманово. Противникот ќе ја има поддршката од ...

