Каратистот Љупче Михајлов од карате клуб Штип оствари голем успех, освојувајќи ја титулата државен сениорски првак и обезбедувајќи настап на Европското сениорско првенство. Михајлов до златниот медал стигна по три исклучително тешки и неизвесни борби, во кои покажа врвна форма, борбеност и шампионски карактер. Со овој триумф, тој не само што ја потврди својата класа, туку и ја продолжи богатата карате традиција на Штип на национално ниво. ...
Македонската женска ракометна репрезентација денеска стартува со мини-подготовките за последните квалификциски натпревари за пласман на Европското првенство. Нашите ракометарки се на чекор како една од најдобро трепласирани селекции да се најдат на континенталното натпреврување, но треба да одиграат два добри меча против фавортите Германија, дуел кој се игра на осми април во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 18 часот, и против Словенија на ...
Штип е горд на своите млади и успешни спортисти кои бележат големи резултати и го афирмираат градот под Исарот на светската спортска мапа. Каратистот Љупче Михајлов од карате клубот Штип ја освои титулата државен прва во сениорска конкуренција и со тоа обезбеди настап на Европското сениорско првенство. Михајлов кој беше избран за спортист на град Штип за 2025 година како што тогаш најави за М Нет телевизија продолжува да нижи големи резултати ...

