По алармантните сознанија за енормното загадување на водата за пиење во Струга и бројните реакции и укажувања од граѓаните – правобранителството отвора постапка по сопствена иницијатива. Согласно законските надлежности, Народен правобранител официјално побарал од органите на Општина Струга детален извештај за актуелната состојба со водоснабдувањето, податоци за квалитетот на водата и извршените контроли. Потоа лоцирање на причините за ...
Регионалната канцеларија во Кичево на Народниот правобранител отвори постапка по сопствена иницијатива поради недостигот на вода за пиење во Струга. Овој чекор следува по бројните реакции од граѓаните. „Правото на безбедна и доволна вода за пиење е основно човеково право, тесно поврзано со правото на живот, здравје и човечко достоинство. Секое продолжено ограничување, сомнеж за квалитетот на водата или недостиг на транспарентност од страна ...
Кризата со водата во Струга доби уште една институционална димензија: откако Основно јавно обвинителство Струга оформи предмет за „енормното загадување“ и најави проверки на изворите, сега и Народен правобранител отвори постапка по сопствена иницијатива поради недостигот и сомнежите за квалитетот на водата за пиење во градот. Од регионалната канцеларија во Кичево информираат дека постапката е покрената по бројните реакции од граѓани, со ...
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите. Поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на ...

