Поранешниот вицепремиер Артан Груби по шест часа распит го напушти скопското Обвинителство со лисици на рацете, без да даде изјава за медиумите. Ќе биде спроведен пред судија на претходна постапка, кој ќе одлучи дали ќе му биде одреден притвор или поблага мерка. Истрагата за Груби се однесува на сомнежи дека како претседавач на владина седница одобрил набавка на ВЛТ-терминали за Државна лотарија, иако институцијата немала законско право за ...
Повисокото јавно обвинителство го врши надзорот над законитото постапување на јавните обвинители, а Советот на јавни обвинители во оваа фаза нема надлежност за тоа, соопшти Советот на јавните обвинители на РСМ. Ова следува по јавната прозивка од министерот за правда Игор Филков, кој побара итна седница за разгледување на постапувањето на јавните обвинители во случајот со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Советот на ЈО наведува дека, ...

