Охрид испиша историја со пласманот во финалето од Купот на Македонија, каде ќе се соочи со најтрофејниот Вардар. Финалниот натпревар е закажан за утре од 20 часот во салата „Парк“ во Струмица. Од клубот информираат дека е организиран превоз за сите верни поддржувачи кои сакаат да присуствуваат на финалето. Сите заинтересирани може да се пријават со име и презиме преку Фејсбук страницата или Инстаграм профилот на ГРК Охрид, најдоцна до денес ...
Охрид и Вардар ќе се соочат во големото финале на Купот на Македонија, кое утре ќе се одигра во Струмица. По одличните изданија во полуфиналето, охриѓани со многу самодоверба влегуваат во битката за трофејот, каде ги очекува најтрофејниот македонски клуб. Пивотменот на Охрид, Џанфранко Прибетиќ, го најави утрешното финале. Тој најави тежок и неизвесен натпревар, потенцирајќи дека тимот верува во своите шанси и е подготвен да се надигрува со ...

