Македонија денеска се наоѓа под влијание на влажен бран кој носи облачно време со повремени врнежи од дожд, додека на планините врнежите се од снег. Од петок следува период на стабилизација на времето, но со значителен пад на утринските температури. За време на викендот и во првите денови од следната седмица утрата ќе бидат ведри и многу студени со температури кои насекаде ќе се спуштат под нулата. Најниските утрински температури се очекуваат ...

Времето утре наутро ќе биде претежно облачно, а во крајните југозападни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Во текот на денот се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Дневните температури ќе се движат во интервал од -2 до 10 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви ...