Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство што ќе се одржи годинава и покрај убедливиот пораз на гостувањето кај Словенија во последното коло. Нашите девојки се протнаа до турнирот како една од четирите најдобро третопласирани селекции од шесте квалификациски групи. Македонија загуби на гостувањето кај фаворитот Словенија со 28-17. И покрај убедливиот пораз, во наша корист одеа и поразите на ривалите од ...
Женската ракометна репрезентација на Македонија е пред нов предизвик во квалификациите за ЕП, каде се среќаваат со селекцијата на Словенија. Очекувањата за натпреварот ги искажа репрезентативката Ивана Џатевска, која очекува тежок и сериозен натпревар против Словенија. – Во недела имаме натпревар против репрезентацијата на Словенија, ќе биде тежок натпревар и мора да го сфатиме сериозно. Се надевам дека можеме да се носиме со противникот, а ...
Македонската женска ракометна репрезентација првпат во својата историја успеа да го обезбеди третото учество по ред на едно Европско првенство. Нашите ракометарки беа дел од ЕП 2022 година, на кое се пласираа како кодомаќини, тогашното раководство на РФМ се избори да го донесе шампионатот во Скопје, беа дел од ЕП 2024, а сега го заверија пласманот на ЕП 2026 година, кое ќе се одржи во пет држави: Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција, ...

