Од пет ветени затворени базени низ државата, се плива единствено во Штип. За останатите базени во Битола, Ѓорче Петров и Кичево, општините и Министерството за спорт меѓусебно си ја префрлаат одговорноста за недовршените приклучоци за вода и струја Кон крајот на јули минатата година, по низа пробиени рокови, свечено беше пуштен во употреба затворениот базен во дворот на основното училиште „Невена Георгиева – Дуња“ во скопска Кисела Вода. „Уште ...
Во јули минатата година, Мицкоски, Ристовски и Ѓорѓиевски, свечено пресекоа лента во дворот на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“. Денес, година подоцна, истиот базен стои заклучен. Не е одржан ниту еден тренинг или час по физичко и здравствено образование. Има само тишина и уште една празна фасада што се води како ʼреализиран проектʼ, како што Владата самоуверено објави на 02.04.2026. Ветуваа пристап до пливање за најмладите, поддршка за ...

