Фудбалската федерација на Македонија ги одреди стадионите каде ќе се одиграат бараж натпреварите за пополнување на Втората македонска фудбалска лига за сезоната 2026/27, а неколку звучни имиња ќе водат жестока битка за второлигашки статус. На програмата се четири исклучително интересни пресметки, а вниманието го привлекуваат сите четири дуели. Во првиот бараж, Тетекс 1953 од Тетово ќе се соочи со Влазними од Струга на стадионот во Ѓорче ...
По ждрепката со која се одредија четирите двојки за пополнување на местата во Втората македонска фудбалска лига, денеска се познати и стадионите на кои ќе се одиграат овие мечеви. На 30 мај на програмата се три средби. Во Кратово ќе се соочат Каменица Саса и Еуромилк ГЛ, Градскиот стадион во Кочани е домаќин на дуелот Кожув Гевгелија – Борец Велес додека во Штип за место во ВМФЛ ќе се бодат Победа Валандово и Камјани од село Камењане. ...

