На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...

Три пожари биле регистрирани во Велес и околината во текот на вчерашниот ден и ноќта, информираат од Територијалната противпожарна единица Велес. Најдоцна, околу 22:30 часот, била примена дојава за пожар во шума на ридот меѓу селата Сопот и С’лп. Огнот бил ставен под контрола, но еден крак и понатаму гори поради тешко пристапниот терен. Претходно, околу 17 часот, пожар избувнал кај железничката станица во Богомила. Сувата трева се запалила, а ...