Гаранциите од ЕУ што ги бараат Владата и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова за да се „одблокира“ пристапниот процес се нереални и тоа им било кажано „од сите инстанци“ во Унијата, тврди лидерот на СДСМ Венко Филипче. На отворен брифинг со новинари, тој оцени дека ваквите барања се претвориле во политички изговор со кој земјата се држи подалеку од европската агенда, наместо да се отвори патот за следниот чекор во преговорите. Филипче ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одржа 55-минутен говор во парламентот, што спаѓа во категоријата подолг говор. Нејзиниот настап е како што рече по четврти пат пред пратениците, но должината покажа дека имала што да каже. Првиот впечаток е дека Претседателката повторно не одолеа да одржи историски час по меѓународно право, веројатно наменет за амбасадорите кои седеа во собраниската галерија, на професорски начин опиша што значи ...