Викендов територијата на Македонија ќе биде под влијание на понатамошно спуштање на ладен воздух од североисток. Сепак овој ладен бран ќе биде сув и ќе донесе сув студ и многу ветровито време особено во недела (28 декември) кога повремено ќе дува силен ветер од северен правец кој во Повардарието и во југоисточните предели од Македонија повремено ќе достигнува брзина од над 70 км/час. Времето ќе биде ведро и сончево со мала локална облачност. ...

Температурите на новогодишното утро ќе бидат во интервалот од -13 до -4 степени, односно -15 степени во повисоките места, прогнозира Славчо Попоски во нова објава. Метеопрогнозерот предидува и засилен ветер од северен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 60 км/час. „Задолжително понесете капа, шал и нараквици за да се заштитете од многу ладното време кое го очекувам за Нова година“, вели Попоски. Температурите на ...