Турција спроведува активна дипломатија со цел да ги спречи арапските монархии од Персискиот Залив да се приклучат на војната против Иран, објавува „Блумберг“. Според изданието, официјална Анкара стравува дека вклучувањето на арапските држави од Блискиот Исток во борбени активности против Иран може да доведе до тотална војна, што би го загрозило целиот поширок регион. Со цел да ја деескалира ситуацијата, турскиот министер за надворешни работи ...

Париз, 27 март 2026 (МИА) – Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, изјави дека успеал да му разјасни на својот американски колега Марко Рубио дека Германија е подготвена да помогне во Ормуската Теснина – откако војната ќе заврши. - Германија секако е подготвена, по прекинот на непријателствата, исто така да одигра улога кога станува збор за обезбедување на сигурноста на бродскиот сообраќај во Ормуската Теснина – му рекол ...

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска се закани со остра одмазда против соседните земји ако бидат нападнати иранската инфраструктура или економските центри. Во пораката „до земјите од регионот“ објавена на Икс, Пезешкијан напиша: „Ако сакате развој и безбедност, не дозволувајте нашите непријатели да ја водат војната од вашите земји“. Според ирански извори, израелските и американските сили претходно ги проширија своите воздушни напади ...