„На терен е ангажирана механизација која врши насипување со земја и санирање на запалените површини, со цел целосно локализирање на пожарот. Апелираме до сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето“, вели градоначалникот на Радовиш Љупче Почивалец Депонијата во Радовиш гори веќе петти ден, а надлежните институции и понатаму преземаат мерки за ставање на пожарот под контрола и спречување на неговото ширење. ...

Општина Радовиш излезе со итни препораки до граѓаните, откако и по пет дена од избувнувањето на пожарот, градската депонија се уште гори. Локалните власти апелираат на внимателност и почитување на мерките за заштита поради загадениот воздух и густиот чад кој се шири низ градот. Да се избегнува непотребен престој на отворено, прозорците и вратите да се држат затворени, да не се користат клима уреди кои внесуваат надворешен воздух, а граѓаните ...

Градоначалникот на Радовиш и командант на кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно здравје-Штип, на Фејсбук апелира граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да ги ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од депонијата е најинтензивен. „Во последните два дена на депонијата има само чад, нема оган. Општина Радовиш и надлежните служби активно работат на локализирање и гаснење ...

Состојбата со чадот од градската депонија во Радовиш се стабилизира но препораките за заштита на граѓаните остануваат во сила. Општинскитие власти уверуваат дека за два до три дена целосно ќе биде затрупана депонијата со песок и земја за да се спречи ширење на чадот. Таму денеска работеа десетици камиони кипери багери. Се затрупува секој дел каде имало пожар и излегува чад. Речиси една недела се интервенира со градежна оператива како ...