Екипата на Шкупи натпреварот од 17. коло, односно првата пролетна рунда во Првата македонска фудбалска лига против Тиквеш, ќе го одигра на Градскиот стадион во Кавадарци. Како што е познато, стадионот во Чаир е под суспензија, поради што Тиквеш ќе настапи како формален гостин на сопствениот терен, пред својата публика. Шкупи се соочува со сериозни проблеми оваа сезона и се наоѓа на последната позиција на табелата и се поизвесно испаѓање во ...

Прволигашот Шкупи ќе има сериозни предизвици во пролетниот дел од Првата фудбалска лига. Откако клубот остана без тренерот, а не успеа да ги комплетира трансферите на неколку фудбалери, од тимот замина и Џихан Адили. 23-годишниот Адили кој потекнува токму од школата на Шкупи ќе продолжи во нова средина, а заминувањето го потврди самиот фудбалер. „Денес не ми е лесно да му кажам збогум на ФК Шкупи. Овој клуб беше местото каде што израснав како ...