Атина, 9 февруари 2026 (МИА) – Последните случувања во кипарското прашање, како и претстојниот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција и средбата на грчкиот премиер со турскиот претседател в среда, биле темите за кои телефонски разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидис, јави дописничката на МИА од Атина. - За време на разговорот, премиерот го информираше Христодулидис за неговата ...
Атина, 10 февруари 2026 (МИА) – Билатералните односи и соработката, напредокот во изминатите две години по потпишувањето на Атинската декларација, регионалните и меѓународните случувања, се очекува да бидат темите на утрешниот Висок совет на соработка меѓу Грција и Турција, што ќе се одржи во Анкара, информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Зохиу објасни ...
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, придружуван од десет министри, денеска во Анкара ќе учествува на шестиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција. Најпрво е предвидена поединечна средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, по што ќе следат проширениот состанок, заедничка прес-конференција и ручек. Целта на средбата е да се оцени напредокот на односите и да се задржат отворени каналите на комуникација меѓу Грција и Турција. ...
Атина, 11 февруари 2026 (МИА) - Со десет министри од владата грчката делегација, предводена од премиерот на земјата, Кирјакос Мицотакис, денеска ќе учествува на шестиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција, што ќе се одржи во Анкара. На агендата ќе се најдат билатералните, регионалните и меѓународните прашања, а целта, меѓу другото, е да се задржат отворени каналите на комуникација меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од ...

