Лидерот Еуромилк ГЛ забележа уште една убедлива победа откако во меч од 20. коло на Трета лига – Север со високи 3:0 славеше над Аеродром, натпревар кој беше и дерби на колото. Победникот беше решен во првиот две со двата гола на голгетерот Орхан Мифтар за 2:0 на полувреме. Во вториот дел печат на победата стави Димитар Стојаноски за конечни 3:0. Веќе „лисиците“ немаат проблем на патот кон шампионскиот пехар, со мислите и подготовките се за ...

Дваесеттото коло во Третата лига – Север донесе нова доминација на лидерот Еуромилк ГЛ, кој со сигурни 3:0 против Аеродром 2018 уште еднаш потврди дека е главен фаворит за врвот. Со импресивен учинок од 19 победи и само едно реми, тимот маршира кон титулата со огромна гол-разлика од +67. БВК Коњаре продолжува да го следи темпото, славејќи со 4:2 против Ржаничино и останува на втората позиција со 51 бод. Во дербито на средината од табелата, ...