Анализа на БГНЕС Фигурата на Миодраг Давидовиќ – „Дака“ го потресе политичкиот терен во Северна Македонија, пишува БГНЕС. Повод се тврдењата дека фирма поврзана со него е вклучена во државните планови за енергетски објекти, што предизвика остра размена на обвинувања меѓу власта и опозицијата во Скопје. Но случајот далеку не се исцрпува со една фирма и еден проект. Тој отвора пошироко прашање за мрежите на влијание што се движат меѓу бизнисот, ...

Компанијата на цроногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ – Дака, кој е на црната листа на САД, само поднела барање за изградба на енергетски објекти во земјава, без каква и да е реализација. Ова денеска го изјави премиерот, Христијан Мицкоски, откако опозициската СДСМ пред неколку дена обвини дека министерството за енергетика од јануари годинава ја ставило фирмата на Дака, „Хронос сум“, во Годишниот план за изградба на енергетски објекти за ...