Министерството за одбрана на Бугарија обезбедило 13 пакети помош за Украина од почетокот на војната, соопшти владиниот сајт за јавни информации. Видот на помошта и нејзината вредност се класифицирана информација, се наведува во соопштението. Последниот пакет е од 12 февруари 2026 година, јавува БНР. Русија ја нападна Украина на 24 февруари 2022 година и го предизвика најкрвавиот и најразорниот конфликт во Европа по Втората светска војна. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп постави нов, амбициозен рок за прекин на војната во Украина. Според информации на „Блумберг“, Трамп се обидува да постигне договор пред 4 јули 2026 година, кога САД ќе ја одбележат 250-годишнината од својата независност. Иако за време на кампањата ветуваше мир за само 24 часа, реалноста по неговото враќање во Белата куќа се покажа посложена. Тристраните разговори кои се водат веќе 400 дена сè уште не ...

Лидерот на владејачката партија во Република Српска, Милорад Додик, денес отворено ја поддржа агресијата на Русија врз Украина, опишувајќи ја како „праведна борба“. Придружувајќи се на бројните коментари по повод четвртата годишнина од рускиот напад врз Украина, Додик ја бранеше позицијата на Москва и ја оправда агресијата во објава на социјалната мрежа X, користејќи формулации за природата на војната што доаѓаат од арсеналот на руската ...