Вечерашното издание на емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21 послужи како платформа за дебата за иднината на минималната плата во државата. Во дискусијата учествуваа заменик-министерот за економија Марјан Ристески, синдикалците Слободан Трендафилов и Благоја Ралповски, како и Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи. Учесниците потсетија на патот на Законот за минимална плата, кој од неговото донесување во 2011 година, претрпе клучни измени ...
Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, вели дека како влада се „за“ зголемување на минималната плата во земјата. „Како влада, ние сме за зголемување на минималната плата бидејќи ќе имаме поголеми приходи во рамките на буџетот. Ние сме работодавач со 100 илјади вработени, а државата има 705 илјади вработени. Тие 600 илјади ќе дојдат кај нас. Ако гледаме себично, тогаш можеме да кажеме дека треба да се зголеми од утре, но ние ...

