Над 50 илјади евра досега се потрошени за истражната постапка за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино, информираше обвинителката Катерина Коларевиќ на денешен брифинг. Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Ислам Абази, изјави дека ниту како јавен обвинител, ниту како раководител, не вршел притисок или влијание врз обвинителите во предметите по кои постапуваат. – Јас ни како обвинител, ни како виш, ...

Запрената истрага за набавките на мазут за ТЕЦ Неготино не затвори само еден предмет. Таа отвори поголемо прашање за тоа како случај што почна со сомнежи за криминал од околу 167,5 милиони евра, со приведувања, притвори, политички имиња и силна јавна експлозија, заврши без обвинение. Ратко Капушевски, Асмир Јахоски, Ерџан Сулкоски, поранешниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски и уште десетина лица нема да одат на суд за набавките на мазут, ...

„Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави дека штом ќе ја добие одлуката, ќе вложи жалба. Очекувам дека случајот повторно ќе биде вратен на повторно разгледување и повторна анализа“, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по увидот на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“. Ако тоа не се случи, рече премиерот, тогаш навистина ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата (ОЈО ГОКК) од 200 собрани докази не најде ниту еден според кој, согласно Законот за кривична постапка (ЗКП), може да очекува осудителна пресуда доколку поднесеше обвинение. Ова денеска на брифинг со новинарите го кажа обвинителката Катерина Коларевиќ која ја водеше истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“ во периодот на енергетската криза од 2021 до 2023 ...