Сведок кој уште во јануари годинава поднел кривична пријава за насилство врз пациент во психијатриската клиника „Свети Иван“ во Загреб тврди дека препознал еден од техничарите поврзани со смртта на Кристијан Јосип Периш (32). Според неговото сведоштво, истиот техничар 10 месеци претходно тепал и задушувал со перница друг пациент, кој бил врзан за болнички кревет. За новите откритија пишува хрватскиот портал „Новости“, повикувајќи се на ...
Уште во јануари, еден сведок пријавил во Државното обвинителство дека медицински техничар во установата „Јанкомир“ во Загреб удрил и гушел со перница пациент кој бил врзан. Сведокот сега тврди дека го препознал истиот техничар на видеоснимки и фотографии поврзани со нападот врз Кристијан Јосип Периш. Пријавата, во која увид имале „Новости“, била поднесена од сведокот на 26 јануари, а во тоа време, техничарот бил идентификуван само како ...

