Во Охрид наскоро ќе започне изградбата на катна гаража, проект вреден 1,73 милиони евра кој има за цел да го намали сообраќајниот метеж и да обезбеди дополнителни паркинг-места за жителите и посетителите на градот. Објектот ќе се гради на просторот на Градскиот пазар, ќе биде со пет ката со околу 200 паркинг места, а ќе стопанисува ЈП „Градски пазар“. За овој проект Општината аплицираше на вториот повик на Владата за добивање на финансиски ...
Со месеци не работат четирите лифта во катната гаража „26 Јули“ спроти „Макпетрол“ во Скопје. Во оваа катна гаража секој викенд паркираат граѓани кои пазарат на блиското Зелено пазарче и со тешки колички и торби се качуваат по скали до нивните возила. Паркираат и вработени во околните фирми, кои имаат месечни или годишни билети. За место во оваа катна гаража се чека со месеци, а месечна претплата за физички и за правни лица е 2.000 денари. ...

